среда, 21 август 2013, 20:28

Занимливости

Вино со измет: Веруваат дека лечи болести

Виното од ориз кое се прави во Јужна Кореја има девет проценти алкохол и содржи измет од деца на возраст од шест години. Наводно лечи се, од скршени коски до епилепсија

Виното „Тонгсул„ кое содржи фекалии, а кое наводно лечи се живо, од скршени коски до епилепсија, се прави во Јужна Кореја, а главна состојка е човечки измет! Имено, во Кореја традиционалната медицина е една од најекстремните во светот, а рецептот за виното „кое ги крева луѓето од мртвите„ до скоро беше тајно чуван.

Сепак, јапонската новинарка Јуки Учида успеала да направи репортажа со докторот Ли Чанг Сом кој и го покажал целиот процес на производство на тој лековит пијалак, по што Учида го пробала виното.

-Виното од ориз има девет проценти алкохол и содржи измет од деца на возраст од шест години. Нивниот измет не смрди и целосно е чист. Виното содржи ферментирана вода во која се наоѓал изметот. По еден ден во неа се додава сварен ориз. Тоа смеса стои една недела и се чува на температура од 30 до 37 степени Целзиусови. По тоа виното е подготвено за пиење- вели докторот Со, кој нагласува дека виното служи за превенција на разни болести.

Кога новинарката од Јапонија го пробала лековитото вино, за малку не повратила.

-Има вкус на оризово вино, но кога земав воздух почувствував смрдеа- изјави Учида, откако докторот констатирал дека таа има проблем во главата затоа што многу мислела на состојките на тоа вино.

-Животинскиот измет како специјален додаток служи за медицински цели со векови наназад во Кореја. Фекалиите се едни од состојките на лекот кој служи за одвикнување од алкохолизам, а пилешкиот измет лечи стомачни проблеми. Жал ми е што човечкиот измет не се користи повеќе во Кореја- вели на крајот докторот.

сподели на пинг
Веста е прочитана: 329
  Powered by Dejan Jovanovski